Тимот на Вардар Неготино славеше против Кичево со убедливи 37-22 во последниот натпревар од 15 коло во Првата лига.
Предводник на победничкиот тим беше Мирослав Митевски, кој успеа да постигне 15 погодоци во мрежата на противникот.
Победникот на мечот беше познат уште по првото полувреме кога неготинци имаа предност од десет гола, 21-11.
Второто полувреме беше само рутинско одработување на задачата и немаше возбудувања на теренот во Охрид, каде Кичево ќе игра додека нивната сала биде оспособена за натпревари по невремето што го зафати тој регион.
Покрај Митевски, пет гола за Вардар Неготино даде Петров, додека кај Кичево се истакна Благој Христовски со 11 погодоци.

























