Најмладиот во македонската репрезентација, Дамјан Митев, може да дебитира за Македонија на големо натпреварување во сениорска конкуренција.
Тој има настапи на кадетско и младинско ЕП, а сега ги сподели очекувањата од настапот во Данска.
„Данска си е Данска, нема што многу тука да се зборува, сите ја знаеме, сите ѝ ги познаваме квалитетите. Одиме максимално да играме со сите и со Португалија и со Романија. Чувството е феноменално, знаеме дека против нас ќе ги имаме играчите кои до вчера ти биле идоли. Мора да го дадеме нашиот максимум затоа што се работи за Европско првенство, играш за Македонија. Нема да се чуваме и штедиме, ова е репрезентација, мора секој натпревар да си на максимум“, изјави Митев.
Македонија игра против Данска утревечер во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со почеток од 20:30 часот.

























