Митев: Клучно во баражот со Фарски Острови ќе биде одбраната

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир пред бараж двомечот со Фарскси Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Младиот член на сениорската репрезентација, средниот бек Марко Митев, кој има одлични партии на клупско ниво, ги сподели своите очекувања за дуелите со островската земја.

,,Против нас имаме една навистина квалитетна репрезентација, ќе се подготвуваме на најдобар можен начин и ќе одиме таму да дадеме максимум и да се обидеме да ги победиме. Пред се, клучно на овој бараж двомеч ќе биде одбраната, треба да играме добра одбрана, нападот секако ќе биде важен и гол-разликата би требало да решава. Најважно е како таму ќе заврши првиот резултат. Во моментов се чувствувам максимално пдоготвен за овие два натпревари”, изјави Митев.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.

Победникот од двомечот ќе се пласира на СП 2025 што ќе се игра во три држави –  Данска, Норвешка и Хрватска. Доколку Македонија се пласира на ова СП, повеќе од веројатно е дека групната фаза ќе ја игра во некој хрватски град.

Сениорите од денеска на собир, ќе се комплетираат за неколку дена