Македонија го победи Катар со 39-34 во второто коло од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Еден од најдобрите поединци во македонската репрезентација беше средниот бек Марко Митев.
Тој успеа да постигне пет погодоци во катарската мрежа, но подели шест асистенции до своите соиграчи, изнуди седмерец и имаше украдена топка.
Македонија сега ќе се подготвува за натпреварот со Франција в сабота од 20:30, а ќе заврши најмалку петта во група, иако има и теоретски шанси за ТОП 8.