Двајцата македонски репрезентативци Марко Митев и Никола Костески за месец дена ќе се вратат на терените.
Митев паузира од март кога ги скина лигаментите, додека Kостески во април ја оперираше Ахиловата тетива.
Двајцата веќе се во тренажен процес, а според најавите би требало кон средината или крајот на октомври веќе да бидат на терен.
Ова е одлична вест за селекторот Кирил Лазаров и македонската репрезентација која ја очекува настап на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.