Митев и даде девет гола на Франција и беше избран за МВП

|
14:10

Кадетската репрезентација на Македонија несреќно загуби од Франција со 29-28 на стартот на Европското првенство во Црна Гора.

Дамјан Митев одигра одличен натпревар и беше предводник на македонскиот напад со девет гола, па беше избран за МВП на мечот.

Победничкиот гол ривалот го постигна во последните секунди, а потоа не успеавме да организираме напад за реми.

Македонија утре ја очекува уште еден голем предизвик, ќе играме против Германија, која во првото коло ќе се соочи со Полска.

Храбрата Македонија несреќно поразена од Франција на стартот на ЕП

Симиќ: На секој натпревар давам 100%, така ќе биде и против Вардар

Автор: Влатко Мирчески
| 25 ноември 2024
19:05

Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберо Гарсија Парондо, утре во Скопје против „црвено-црните“ ќе атакува на 6-ти триумф во Лигата на Европа.

Иако за Мелсунген, како и за Вардар, утрешниот натпревар нема никакво значење, од таборот на бундеслигашот посакуваат да продолжат со максималниот ефект на европска сцена.

Голманот Небојша Симиќ истакна дека натпреварот против Вардар ќе биде добра прилика за Мелсунген да се рехабилитира по неочекуваниот пораз од Ајзенах во домашниот шампионат.

,,По поразот од Ајзенах, сега сакаме да им се вратиме на победничките патики. Без разлика на кој натпревар, јас секогаш давам 100 % и истото ќе го направам и против Вардар. Има и неколку млади играчи на кои сакаме да им дадеме поддршка за да можат да се претстават во добро светло на европска сцена”, изјави Симиќ.

Утрешниот дуел меѓу Вардар и Мелсунген ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Парондо без попуст за Вардар

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар го игра последниот европски меч сезонава

Автор: Влатко Мирчески
| 26 ноември 2024
10:00

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска против Мелсунген ќе го одигра последниот сезонски натпревар на европска сцена.

Вардарци во последното коло од групната фаза од Лигата на Европа ќе се обидат да го изненадат бундеслигашот, кој во Скопје ќе допатува речиси во комплетен состав.

На првото соочување, тимот на Роберто Гарсија Парондо беше убедлив против „црвено-црните“, триумфираше со 16 разлика, 34:18.

Вардар во претходното коло од Лигата на Европа одигра реми на гостувањето кај Валур (34:34), додека Мелсунген беше подобар од Порто (32:27).

Во составот на Мелсунген ќе бидат и двајцата поранешни ракометари на Вардар, кружниот напаѓач Рожерио Мораеш и  десниот бек Даинис Кристопанс.

Денешниот дуел меѓу Вардар и Мелсунген ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Лига на Европа, 6. коло, распоред:
18:45 Констанца – Хобри
18:45 Кадетен – Прешов
18:45 Кил – Војводина
18:45 Луцерн – ГОГ
18:45 Лимож – Бенфика
18:45 Савехоф – Гумерзбах
18:45 Татабања – Сесвете
20:45 ФХ – Тулуз
20:45 Фленсбург – Карвина
20:45 Горење – Адемар
20:45 Монпелје – Гранољерс
20:45 Нексе – Торелавега
20:45 Порто – Валур
20:45 Вардар – Мелсунген
20:45 Забже – Силкеборг

Вардар сервира одмазда – тимот од Автокоманда на колена во „Јане“

Автор: Редакција
| 24 ноември 2024
20:37

Екипата на Вардар им го нанесе првиот сезонски пораз на „сино-белите“ од Автокоманда, откако во дерби дуелот од 12. коло од Супер лигата славеше на свој терен со 29:27. Сега двете екипи имаат по 22 бода на табелата, но тимот од Автокоманда останува на првата позиција, бидејќи првиот меѓусебен дуел заврши со победа на тимот на Кире Лазаров од 33:30.

Домаќините имаа одличен старт, поведоа со 3:0 преку Горига и Борозан, а гостите од Автокоманда првиот гол го постигнаа по пет минути игра. Следуваше период, во кој Вардар имаше резултатска контрола, но како одминуваше времето, така тимот од Автокоманда се враќаше во игра.

По предноста на Вардар од 5:3, гостинот со два гол во низа израмни на 5:5. Се играше гол за гол, во еден момент двете екипи наизменично се менуваа во водство, а по нерешените 9:9, гостинскиот тим за две-три минути постигна два гола и се одлепи на 11:9.

Вардар возврати со иста мера, израмни на 11:11 во 20 минута. Домаќинот во периодот од 21 до 25 минута имаше неколку шанси да дојде до плус два, но никако не успеаваше да реализира. Откако беше 13:13, тимот на Вардар најпрво поведе со 14:13, а потоа со голот на Јагуриновски дојде до 15:13, резултат кој што гласеше на полувреме.

Избраниците на Милано за неколку минути игра во второто полувреме дојдоа до18:15, но ракометарите на Лазаров не дозовлија „црвено-црните“ да имаат комоција во играта и бргу израмнија на 18:18. Двете екипи постигнаа уште по четири гола, пред Вардар да го направи вистинскиот чекор.

Беше 22:22, домаќините предводени од голманот Еспиња се одлепија на 25:22 и до крајот успеаја да ја сочуваат стекнатата предност. Вардар во последните пет минути влезе со предност од 27:24, гостите се заканија намалувајќи на 26:25, а Вардар со головите на Николиќ и Горига ја потврди посакуваната победа.

Најефикасни кај Вардар беа Дмитриј Горига со седум и Марко Срдановиќ со шест гола. Во поразениот табор се истакна Марко Митев со пет реалзиации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД12110122
2ВАРДАР 196112110122
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12100220
4ОХРИД1290318
5БУТЕЛ1270514
6ТИКВЕШ 20141251611
7ПРОЛЕТ1243511
8ПРИЛЕП1242610
9КУМАНОВО123096
10БИСИНОВ Ф. Л.122195
11СТРУГА1220104
12РАДОВИШ1201111

ЅВЕЗДА НА 10. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – РОНА МИФТАРИ (ЧАИР)

Автор: Редакција
| 25 ноември 2024
17:13

Членката на Чаир, Рона Мифтари, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 10. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Младата ракометарка на натпреварот против Астибо одигра на одлично ниво, постигна 12 гола и зад своето име запиша неколку асистенции.

Мифтари немаше конкуренција на гласањето, доби околу 58% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров.

Во конкуренција за ѕвезда на 10. коло беше и ракометарката од Металург Автокоманда, Јана Ѓошевска.

Блесок на Поповски против Луцерн

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
10:44

Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, беше елиминиран од Купот на Швајцарија.

Иако беше во игра до самиот крај, на моменти низ средбата и водеше, сепак Цирих на крајот мораше да се помири со пораз во драмата со Криенс Луцерн, 29-28.

Поповски беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне седум погодоци од девет обиди во противничката мрежа.

По европската елиминација, сега и од Купот на Швајцарија, сега за Цирих и Поповски останува уште швајцарскиот шампионат.