Митев: Данска е фаворит, но наше е да го дадеме максимумот

Македонската репрезентација веќе е во Данска, вчера имаше слободен ден, а денеска им се враќа на обврските со тренинзи.

Средниот бек Марко Митев, кој имаше одличен настап на последниот пријателски дуел со Швајцарија, ги сподели очекувањата од средбата со Данска.

„Имавме ден одмор по напорниот пат. Утрово одработивме фитнес тренинг, а вечер ќе тренираме во сала. За три дена започнува Европското првенство. Нашиот фокус моментално е на првиот натпревар со Данска. Можеби тие се фаворити, но наше е да го дадеме максимумот и да се избориме за добар резултат. Имаме уште три дена да се подготвиме, како тактички, така и физички и се надевам дека ќе успееме да го испратиме нивниот ритам и се надеваме на позитивен резултат“, изјави Митев.

Македонија утре игра против данскиот прволигаш Митјиланд, а ЕП го започнува со дуелот против Данска на 16 јануари.