Мисовски го освои Купот на Катар

Македонскиот тренер Петар Мисовски го освои третиот медал сезонава со екипата на Духаил во Катар. Неговиот тим, каде тој е тренер на голманите триумфираше во Купот на Катар победувајќи го фаворизираниот Ал Араби со 30-26.

Иако сите очекуваа Ал Араби лесно да биде победник, тимот во кој работи Мисовски едноставно го разби ривалот, имајќи предност и од 10 гола. Но, на крајот доволни беа и овие „плус 4“ за триумф. Духаил дава и најмногу репрезентативци на Катар

Претходно Духаил беше бронзен и во азиската Лига на шампионите каде малку им недостауваше да бидат финалисти. Во првенството на Катар, Мисовски го има сребрениот медал исто така со Духаил.

Сега претстои и борбата за Купот на Емирот, што е најценетиот трофеј во Катар. За него се добиваат и најмногу пари како награда за триумфот. Актуелен бранител на Купот на Емирот е токму Духаи.

Мисовски е веќе пет сезони во Катар каде претходните четири работеше како тренер на младите категории на репрезентацијата на Катар. Потоа стигна понудата од Духаил, еден од најдобрите екипи во таа земја, каде Мисовски продолжува со успешни настапи.