Мисовски “гази“ во Катар – го освои најпрестижниот Куп на Емирот

Македонскиот тренер Петар Мисовски го освои најпретижниот пехар во Катар, „Купот на Емирот“ кој е најценет. Тоа е негов четврти медал сезонава со Духаил во Катар. Неговиот тим, каде тој е тренер на голманите триумфираше во Купот на Емирот победувајќи го фаворизираниот Ал Араби со 29-27.

Духаил беше бранител на овој Куп, потврдувајќи дека се најдобриот тим во Катар. Претходно Духаил го освои и Купот на Катар, исто така победувајќи го во финалето Ал Араби, но со 30-26.

Претходно Духаил беше бронзен и во азиската Лига на шампионите каде малку им недостауваше да бидат финалисти. Во првенството на Катар, Мисовски го има сребрениот медал исто така со Духаил.

Мисовски е веќе пет сезони во Катар каде претходните четири работеше како тренер на младите категории на репрезентацијата на Катар. Потоа стигна понудата од Духаил, еден од најдобрите екипи во таа земја, каде Мисовски продолжува со успешни настапи.