🎥 Министерот Ристовски потврди – ќе им се одземат лиценците на Скопје и Гевгелија!

|
22:47

Министерот за спорт Борко Ристовски беше гостин на Сител ТВ и најави дека в понеделник на Скопје и Гевгелија и ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт поради скандалот во Купот на Македонија.

Како што е познато, двете екипи во финишот од натпреварот си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат, бидејќи победникот ќе мораше да игра со актуелниот шампион Ѓорче Петров, а тоа ќе го ,,ослабеше” финансиски.

Ова значи дека Женската лига, односно единствената сениорска лига во Македонија ќе продолжи со 13 екипи, двете екипи, кои ќе бидат дисквалификувани, во вториот дел од сезоната требаше да играат во плеј-аут фазата.

🎥 СКАНДАЛ во македонскиот Куп – си даваа автоголови, за да не победат!

Чаир во турбо-ритам пред Европа – ќе го игра четвртиот меч во шест дена!

Автор: Душко Андов
| 12 ноември 2024
11:44

Единствениот европски претставник од Македонија вo женска конкуренција, Чаир, игра во турбо-ритам пред двомечот од Европскиот Куп.

Чаир денеска ќе го пречека составот на Астибо од Штип, во натпреварот од 10 коло во Женската лига, што е закажано за следниот викенд, но тогаш избраничките на Басри Љатифи ќе имаат европски обврски, па затоа се игра порано.

Ова е четврти натпревар за Чаир во шест дена, ако се знае дека мечот со Скопје од 9 коло се играше во четвртокот, а за време на викендот одигра два дуели од Купот на Македонија против Ѓорче Петров 2 и Куманово.

И покрај напорното темпо, Чаир е фаворит против Астибо, а овој меч ќе послужи за добра подготовка за двомечот од третото коло во Европскиот Куп против португалскиот Колехио Де Гаиа.

Натпреварит меѓу Чаир и Колехио Де Гаиа се играат в сабота и недела во Автокоманда со почеток од 16:00 часот.

Македонија ЃП и натаму без пораз, Стаменков и Димитријев се погрижија за бодови за Овче Поле

Автор: Душко Андов
| 10 ноември 2024
01:46

Македонија ЃП со победа против Шампион од 29:25 (15:15) освои нови два бод во прволигашката конкуренција и се задржа на лидерската позиција во групата Б.

Шампион пружи силен отпор на натпреварот, на моменти водеше, но гостите со подобрата игра во второто полувреме стигнаа до посакуваната цел.

Победничката екипа беше предводена од Бојан Божиновски и Стефан Нацев, првиот постигна девет, вториот осум гола. Кај Шампион се истакна Илија Пејковски, кој сад своето име запиша 11 гола.

Ракометарите на Македонија ЃП во следното коло се слободни, потоа ги очекува соочувањето со еден од конкурентите за првата позиција – тимот на Младост Богданци.

Овче Поле дојде до нова победа во Првата лига, триумфираше над Астраион со четири гола разлика, 31:27.

Гостите од Свети Николе во Струмица одиграа според планираното, веќе на полувреме имаа предност од 17:12, во вториот дел дојдоа до поизразена позитива, но домаќините успеаја да го ублажат поразот.

Победничката екипа беше предводена од Кристијан Стаменков, кој постигна осум погодоци, а седум додаде Бобан Димитријев. Кај поразениот табор се истакна Христијан Ефтимов со девет погодоци.

Драган Аџиќ не е повеќе тренер на Крим

Автор: Душко Андов
| 11 ноември 2024
13:34

Црногорскиот стратег Драган Аџиќ си поднесе оставка на тренерската позиција во словенечкиот првак Крим Меркатор.

По поразот од Мец во Лигата на шампионите на домашен терен, Аџиќ поднесе оставка, а истата беше прифатена од страна на раководството.

Иако Крим ја стартуваше одлично новата сезона во елитната конкуренција и запиша четири победи, сепак потоа доживеа три порази во серија, од кои два дома. Крим загуби дома од ЧСМ Букурешт и Мец, а беше поразен и на гости кај Ференцварош.

Во следното коло словенечкиот тим ќе гостува кај фаворитот Мец, па нема да биде чудо ако по осум кола остане на половичен биланс. Сепак и покрај тоа Крим останува на четвртото место на табелата со осум бода, кое води во осминафиналето.

Дали заминувањето од Крим ќе влијае на неговата работа во женската репрезентација на Словенија останува да видиме.

Неочекувано: Македонија губи на полувреме во Литванија

Автор: Редакција
| 10 ноември 2024
17:38

Иако според рејтингот важевме за фаворити на дуелот со Литванија во второто коло од квалификациите за ЕП 2026 година, ракометарите на Македонија имаат негатива на полувремето во Виљнус, 12-13

Во еден момент домашните имаа водство од 9-5. Но брзо вративме, па намаливме на 10-9, но нашите грешки ривалот ги казнуваше, па повторно поведе со „плус 3“, за 12-9.

Можеа нашите ракометари да извлечат барем нерешено во по последниот напад Петар Атанасијевиќ не погоди од чиста ситуација. Марко Кизиќ пак во последните секунди го одбрани ударот на Думичиус

Раул Гонзалес и кажа(л) „ДА“ на Србија

Автор: Душко Андов
| 11 ноември 2024
12:48

Некогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалес, ќе биде новиот селектор на машката репрезентација на Србија од 2025 година.

Според „Моцарт Спорт“, шпанскиот стратег бил минатиот викенд на преговори со Ракометниот Сојуз на Србија, кои завршиле успешно, но многу веројатно, преземањето на репрезентацијата ќе се случи по завршувањето на договорот меѓу Раул и ПСЖ.

Шпанецот има договор со ПСЖ до 2025 година, а веројатно по седум сезони ќе си замине од Париз, додека РСС сака да има селектор професионалец кој ќе работи само со националниот тим, а не и во клуб.

Поради овој факт, РСС иако планираше да му даде отказ на актуелниот селектор Борис Ројевиќ, мораше да го остави на клупата за овој циклус од квалификациите за ЕП 2026.

Интересна ситуација се случила викендот во саботата, кога Раул заминувал од Белград, а на аеродромот биле и репрезентативците на Србија и стручниот штаб на чело со Ројевиќ. Летовите за Рим и Париз биле во приближно исто време, згора на тоа и гејтовите биле близу еден до друг, па средбата била неизбежна.

На Ројевиќ сигурно не му било пријатно да го дознае ова, но можеби и оваа „средба“ беше меѓу причините што Србија загуби од Италија со 31-30, иако имаше водство во последните три минути со 30-28.