Министерот за спорт, Борко Ристовски упати предупредување до сите клубови, но ги апострофираше екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, за време на неговото обраќање пред почетокот на Собранието на РФМ што се одржува во Скопје.
Причината е одесувањето на клубовите, на играчите, клупите, играчите на турнирот во Струга, каде во финалето играа Вардар и Еурофарм Пелистер, а триумфираше тимот од Битола.
„Го следев натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во Струга, и она што го видов не ми се допадна. Го разбирам ривалството на клубовите, но она што се случуваше на теренот и надвор од него не е добро. Затоа упатувам замолница до двата клуба и до раководствата. Ние како Министертсво ќе ги преземе сите потребни работи во иднина, изјави Ристовски пред членовите на Собранието на РФМ
Тој најави дека според новата програма на Министерството клубовите во иднина ќе добиваат повеќе пари според програмите, и ги замоли сите екипи да се вклучат во таа програма и да се продонесе ракометот да бид ена повисоко ниво.
Во тек е редовното Собрание на РФМ што се одржува во Скопје.