Босанскиот суперлигаш Леотар, кој во минатата сезона беше вистинско изненадување во шампионатот на БиХ, заврши на третото место веднаш зад Вогошча и Извиѓач, направи историски успех на европска сцена.
Клубот од Требиње со освоеното трето место обезбеди настап во второто коло во Европскиот Куп и за ривал во втората фаза од третото по ранг европско клупско натпреварување го имаше тимот на Добеле од Летонија.
Леотар на првиот натпревар, кој го одигра пред домашната публика и кој беше прв европски натпревар за клубот, обезбеди победа од 24:22, а голема улога за обезбедениот триумф имаше црногорскиот интернационален Владимир Станковиќ, кој беше незадржлив на теренот со 12 погодоци.
На реваншот Леотар не дозволи да биде изненаден, триумфираше со 29:26, со што ја помина втората фаза во Европскиот Куп и обезбеди пласман во третата фаза, во која за ривал ја има Карвина од Чешка.
Историскиот успех на Леотар во Европа беше проследен со спектакуларен пречек во Требиње, град кој има околу 30.000 жители.