Голманот на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, и оваа сезона неколкупати доби силни удари во главата.
На мечот со Лемго, Милосављев доби удар кој одеше во неговото лице од 90 километри на час.
„Тоа е веќе четврти пат во оваа сезона кога добивам удари во главата – во Лигата на шампионите, против Вецлар, Хановер и Лемго во Бундес лигата. Кога победуваме, тоа не е толку болно. Во соблекувалната мене ме проверуваат веднаш дали се е во ред, се уште не сум во болница. Веќе се навикнав да добивам удари во лицето. Откако дојдов во Берлин, можеби повеќе од 30 пати сум добил удари. Не знам, дали е поради ударите во глава, но почнав да заборавам важни работи за натпреварите или за нешто друго. Тоа ми се случува петти-шести пат. Мојата екипа и мојата сопруга се жалат на мене. Но тоа е дел од ракометот. Но ако победуваме, тогаш не е важно каде ќе добијам удар“, изјави Милосављев.
Голманот на Фуксе Берлин има договор со германскиот тим до 2027 година, но се шпекулира дека унгарскиот Веспрем е заинтересиран за неговите услуги.