Милица Николиќ продолжува со Ѓорче Петров

Милица Николиќ и наредната сезона ќе биде дел од составот на освојувачот на двојнат круна во Македонија, Ѓорче Петров.

Левиот бек Николиќ, која има важна улога во одбраната на тимот предводен од Симе Симовски, потпиша нов договор и останува верна на „лавиците“.

Покрај Николиќ, договорите ги продолжија Флавија Лима Габина, Емилијана Ризоска, Катерина Дамјаноска и Ива Велкова.

Шампионот Ѓорче Петров ги засили своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.

Ѓорче Петров покрај на домашна сцена, ќе биде активен и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.