Со два меча во Прилеп и Битола, денеска стартуваше новата сезона во Женската лига. Пелистер со новиот тренер Борче Корлевски имаше победнички старт и запиша убедлив триумф над Гевегелија со 38-12.
Гостинките отворија со водство, но потоа домаќинките погодија 12 пати по ред и веќе беше јасно каков тек ќе има овој дуел. На паузата беше 21-6 за битолчанки, а вториот дел беше само рутински одработен.
Моника Босилковска броеше до 11, а по пет пати стрелаа Тодоровска и Котевска. Кај Гевгелија, Динева и Ступар запишаа по три гола.
Вардар предводен од младинската репрезентативка Леона Миленкоска, славеше на гостински терен кај амбициозната Деспина со 33-21. Отворија вардарки со водство 5-1, избраничките на Адријано Котевски се вратија во егал, 10-10, но потоа одново паднаа во ритамот, а тоа го искористија вардарки за плус три на пауза, 14-11.
Деспина имаше минус еден во вториот дел, 15-14, но не успеа да направи комплетен камбек и колата тргна надолу. Вардар постојано го зголемуваше водството, ги казнуваше сите домашни грешки и на крајот славеше убедливо во Прилеп.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Миленкоска со осум и Тодоровска со шест гола, додека кај Деспина се истакнаа Камческа со шест и Цветкоска со пет погодоци.