Милано: Ќе работам со вистински професионалци – заедно ќе имаме напредок на секое поле

Аргентинецот Гиљермо Милано почна да ги води тренинзите на Вардар и веќе во сабота нa гостувањето во Струга треба да дебитира на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб.

Tој вели дека со нетрпение чекал да пристигне во македонската престолнина и да започне со работа со двократниот европски првак.

„Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав и првите тренизни со екипата. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични, и очекувам, и знам дека ќе напредуваме на секое поле. Не очекува период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи“, изјави Милано.

Дел од ракометарите кои настапуваа за своите национални репрезентации се пожалија на мали повреди и тие ги пропиштија првите тренинзи неделава, но набрзо ќе се приклучат на екипата.