Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед е на добар пат во своите редови да го врати кружниот напаѓач Миклош Роста.
25-годишниот ракометар од изминатата сезона е член на амбициозниот Динамо Букурешт и со клубот од романската престолнина има активен договор на уште една година.
Според пишувањата на „RTH Handball“, репрезентативецот на Унгарија ќе го засили ПИК Сегед, но тоа ќе се случи по завршувањето на новата сезона, односно во јули, 2025 година.
Роста својата кариера ја започна во екипата на Татабања, потоа четири сезони го носеше дресот на ПИК Сегед.