Миклер: Сакаме одмазда против Еурофарм Пелистер, ама нема да биде лесно

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го совлада ПИК Сегед со 25-24 во мечот од 7 коло од Лигата на шампионите, а следен предизвик за пелистерци ќе биде гостувањето во Унгарија.

Искусниот голман Роланд Миклер, кој немаше своја вечер во Битола посакува реванш и одмазда в четврток.

„Пред нас е многу важен натпревар и сакаме да се рехабилитираме по поразот од минатата недела. Ова е нашата шанса да му се одмаздиме на Еурофарм Пелистер. Нема да биде лесно, затоа што играме против противник со многу цврста одбрана. Во Битола почувствувавме дека мора да се бориме за секој еден гол. Ако бидеме попрецизни во нападот, можеме да го добиеме овој натпревар“, вели Миклер.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер се игра в четврток со почеток во 18:45 часот.