Мијушковиќ и Хаџиќ комбинираа 20 гола, Еурофарм Пелистер 2 триумфално против Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај составот на Скопје со 34-30, и направи крупен чекор кон опстанок во суперлигашката конкуренција. Сега битолчани имаат 30 бодови и се вратија на првата позиција на табелата, додека Скопје веќе е прволигаш и може да прави планови како да се врати во елитата следната сезона.

Битолчани уште од стартот поведоа со 7-3, па потоа беше полесно да се одработи мечот. Иако скопјани пружаа отпор, сепак тоа беше недоволно, а гостите на пауза пет гол предност, 16-11.

Во второто полувреме, избраниците на Оливер Димитриоски успеаја да намалат на три погодоци негатива, но тоа беше се што можеа. Гостинскиот стратег Михаил Петровски повика минута одмор, Еурофарм Пелистер 2 одново отиде на плус пет и веќе беше готово.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ален Хаџиќ и Богдан Мијушковиќ со по десет погодоци, додека исто толку за тимот на Скопје постигна Дамјан Јакимовски. Во следната рунда, Еурофарм Пелистер 2 ќе игра на домашен терен против Голден Арт, додека Скопје ќе го пречека Мулти Есенс во натпревар на идните прволигаши.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142