Михајловиќ: Не го потценуваме Радовиш, мора да одиграме дисциплинирано и борбено

По елиминацијата од ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Бутел Скопје ќе се посвети на домашните обврски.

Бутелци ги очекува пресметка со екипата на Радовиш, кој во првото коло пружи голем отпор на гостински терен кај Куманово.

Кружниот напаѓач на Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ, го најави гостувањето и ги сподели очекувањата од овој натпревар.

„Секако дека разочарувањето од елиминацијата е големо, но спортот оди понатаму. Сега сме фокусирани на домашниот шампионат и сакаме да покажеме квалитет уште од самиот старт. Очекуваме тежок дуел со Радовиш, но веруваме во нашиот тим и се надеваме дека ќе се вратиме на победничките патеки“, вели Михајловиќ.

Бутел Скопје има позитивна традиција против радовишани.

„Секој натпревар е нов предизвик, но статистиката ни дава дополнителна самодоверба. Ќе влеземе максимално мотивирани и концентрирани за да ja продолжиме позитивната серија против овој противник. Сепак, не ги потценуваме, ќе биде потребно да одиграме дисциплинирано и борбено. И покрај промените, и новитe засилувања добро го анализиравме тимот на Радовиш. Имаат неколку индивидуалци и добри голмани кои можат да направат разлика, особено во нападот. Ќе треба да бидеме внимателни во одбраната, но и да jа наметнеме нашата игра од самиот старт“, заврши Михајловиќ.

Натпреварот меѓу Радовиш и Бутел Скопје се игра утре во салата „25 Мај“ со почеток во 19:00 часот.