Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона ќе има нов предводник, откако довчерашниот тренер Михаил Петровски си поднесе оставка.
Веста за неговото заминување од тренерската функција клубот ја објави преку социјалните мрежи и му посака успеси во понатамошната тренерска кариера.
Петровски клупата на вториот битолски тим ја презеде минатото лето и во штотуку изминатата сезона за првпат предводеше сениорска екипа.
Еурофарм Пелистер 2 не успеа да го сочува суперлигашкиот статус и во следната сезона ќе игра во Првата лига.