Десниот бек Михаил Иваноски го имаше своето деби како интернационалец во тимот на Дубочица Лесковац.
Охриѓанецот успеа да постигне четири гола од пет обиди на својот прв меч во новата средина, но неговиот тим загуби на гости кај Раднички Крагујевац со 31-22.
Иваноски, заедно со голманот Арѓелан, пивотот Ристовиќ и средниот бек Атанацковиќ, беа најдобро оценетите играчи во составот од Лесковац.
Десниот бек потекнува од Охрид, а во Македонија ги носеше дресовите на Голден Арт, како и на двата „сино-бели“ тимови од Автокоманда.