Десниот бек Михаил Иваноски во претстојната сезона за првпат во својата кариера ќе биде интернационалец.
Тој ќе оди на позајмица во Дубочица Лесковац и ќе има можност да настапува во српскиот шампион против Војводина, Партизан, Црвена Ѕвезда…
На десната бековска позиција во тимот од Автокоманда се Мартин Серафимов, Мартин Велковски и Давид Савревски, па Иваноски ќе има можност за поголема минутажа во Србија.
Ако сите документи бидат средени навреме, тогаш Иваноски би можел да го има своето деби во тимот на Златко Петронијевиќ на дуелот од првото коло во Србија против Раднички Крагујевац на гостински терен.
Тој потекнува од Охрид, а во последните неколку години играше во „сино-белиот“ тим од Автокоманда и во неговата филијала.