Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски продолжува да игра во одлична форма во српскиот шампионат.
Тој беше најдобар стрелец на натпреварот кој неговата Дубочица Лесковац го доби на гости кај Рудар Костолац со 31-30.
Иваноски беше перфектен пеналџија и успеа да постигне осум погодоци од осум обиди од линијата за седум метри.
Сега Дубочица има девет бода и се искачи на петто место на табелата кое води во плеј-офот за титулата.
Партизан на Бојан Маџовски славеше убедливо против Раднички Крагујевац со 39-20, а македонското лево крило даде два гола.