Мицевска: Се боревме до крај, но поважен ни е дуелот со Турција

Женската репрезентација на Македонија загуби од Шведска со 28-18 на стартот на Европското првенство.

Голманката Јована Мицевска имаше 12 интервенции и спречи многу шутеви на противничките од чисти ситуации.

„Шведска е моќна репрезентација која ќе биде во ТОП 3 и би можела да се бори за медал на ова ЕП. Ние се боревме до крај, но успеавме да дадеме само 18 погодоци на овој натпревар. Сепак поважен ни е натпреварот со Турција, на кој се победа може да останеме во конкуренција за главната рунда. Потоа во третото коло притисокот ќе биде кај Унгарките“, изјави Мицевска.

Следен предизвик за Македонија ќе биде дуелот со Турција од 20:30 часот во „Феникс Арена“, додека на 2 декември е пресметката со домаќинот Унгарија од 18:00 часот.