Тимот на Слатина, каде што играат двете македонски репрезентативки, Јована Саздовска и Јована Мицевска, забележа нов триумф во Втората лига на Романија.
Слатина покажа дека нема конкуренција и славеше нов убедлив триумф, овојпат против Нептун Констанца со 50-21.
Мицевска беше одлична на голот и успеа да забележи 13 одбрани, а со тоа и индекс 9,25 со што беше втора најкорисна ракометарка во победничкиот тим.
Саздовска беше трет стрелец и успеа да постигне пет погодоци во мрежата на гостинската екипа.
Слатина сега има 10 победи на 10 меча во лигата, а следното коло ќе гостува кај Униреа Слобозиа на македонскиот двобој против Сања Дабевска.