Екипата на Слатина, во која настапуваат репрезентативките на Македонија, Јована Мицевска и Јована Саздовска, запиша нова победа во прволигашката конкуренција во Романија.
Слатина во натпревар од 11. коло за ривал ја имаше екипата на Плоиести и полесно од очекуваното обезбеди висок триумф, кој беше изразен со девет гола разлика, 35:26 (17:11).
Мицевска на голот бранеше 60 минути и натпреварот го заврши со десет интервенции, додека левото крило Саздовска беше меѓу најдобрите стрелци и имаше 100% учинок, односно пет од пет.
Со новите освоени бодови Слатина ја задржа лидерската позиција на табелата, сега има 27 бодови на свое конто, додека Плоиести се наоѓа на 2. позиција со шест бодови помалку.