Уште една судиска двојка од Македонија ова лето ќе има задача од Европската ракометна федерација.
Методија и Михајло Илиевски се делегирани од ЕХФ да судат натпревари на претстојното ЕП за кадети во Црна Гора од 7 до 18 август.
Минатата сезона битолчаните добиваа натпревари од Европскиот Куп во машка и женска конкуренција, како и дуели од женската Лига на Европа.
Претходно браќата Илиевски судеа и на ЕХФ шампионати, а ова е прво делегираше на континентален собир, во било конкуренција.
Ова лето Начевски и Божиновски беа дел од Светското првенство за младинки, додека Николовски и Металари ќе судат на Мундијалот за кадетки во Кина од 14 до 25 август.