Металург само трипати го израмни резулататот и освои бод против Ѓорче Петров

Ѓорче Петров имаше водство од „плус 5“ во текот на натпреварот против Металург Автокоманда, но на крај мораше да се задоволи само со реми, 23-23. Го имаа гостинските ракометарки последниот напад од кој требаше да постигнат гол за триумф, но иако претходно имаа и тајмаут, сепак тој удар заврши покрај голот, па домашните добија шанса на спротивната страна, но нападот беше прекинат.

За освојувачот на двојната круна ова е „втор кикс“ сезонава, бидејќи пред две кола загубија од Чаир. Домашните ракометарки само трипати успеаја да го израмнат резултатот на мечот, и на крај освоија бод. Еднаш на почетокот на мечот, на почеток на второто полувреме и на самиот крај.

Во 40 минута Ѓорче Петров водеше со 19-14, и како да застанаа. Домаќинките за 12 минути намалија на 21-22 и влегоа во драматична завршница. Имаше Ѓорче шанса да даде гол, но не искористи, а нападот на домашните беше прекинат со фаул за 2 минути.

Во првото полувреме исто така Ѓорче водеше со „плус 5“ за 7-2, но исто така паднаа во финишот, и на полувреме отидоа со предност од 13-12. Кај домашните ракометарки по пет гола дадоа Анамарија Коларовска и Марија Јанкуловска, а кај гостите, исто толку погодоци имаа Теодора Дукоска и Бојана Коцева.