Металург РА со нова победа, Јехона се израдува на првите бодови

Металург РА дојде до нова победа во прволигашката конкуренција, откако го совлада Аеродром со четири гола разлика, 29:25.

Тимот од Автокоманда на пауза имаше 16:14, додека во вториот дел одработи според посакуваното и дојде до нови два бода.

Најефикасни во победничката екипа беа Филип Петровски со седум и Џулијано Христоски со шест погодоци. Во поразениот табор прво име беше Андреј Ниновски со седум погодоци.

Во неизвесен натпревар, на кој беа доделени 3 црвени картони, сите за домашниот тим, Јехона славеше над Кичево со 28:27 и стигна до првата сезонска победа.

Домашниот тим во најголемиот дел од натпреварот имаше контрола на резултатот, замина на пауза со плус четири, 16:12, но гостите од Кичево не с епредаваа и до финишот беа во игра за барем бод.

Откако Јехона водеше со 25:23, Кичево со два гола во низа изрмани на 25:25 и победникот на овој натпревар се одлучуваше во последната минута.

Избраниците на Селмани беа повеќе пофуксурани во клучните моменти и не дозволија поделба на бодовите, па така се израдуваа на прва победа во новата сезона.

Најефикасен кај Јехона беше Адис Салиу со осум погодоци, додека кај Кичево Јован Атанасовски постигна девет, а Стефан Стефаноски еден гол помалку.