Ракометарите на Металург РА запишаа важна победа во прволигашкиот плеј-оф и останаа во игра за првата позизија на табелата.
Тимот од Автокоманда во 4. коло за ривал го имаше незгодниот Шампион и со пресврт дојде до посакуваната цел, триумфираше со 29:27.
Иако Шампион во поголемиот дел од натпреварот беше во предност, имаше и 26:23 во 45 минута, сепак, тимот на Металург РА направи серија од 5:0 победувајќи со 28:26.
Шампион имаше неколку шанси за да освои барем бод, но поискусната екипа знаеше како да одигра во клучните моменти.
Најефикасен во победничката екипа беше Филип Петровски со девет погодоци, пет постигна Бранко Јосифовски, по четири запишаа Стефан Крстески и Матеј Филиповски.
Кај Шампион прв стрелец беше Давид Богоевски со седум реализации, а го следеше Ненад Богоевски со пет погодоци.
Сега Металург РА е втор на табелата со десет бода, зад лидерот Бисинов од Велес кој има 15, а пред Младост кој има девет, но и меч помалку.