Металург РА остана без најискусниот – замина Горан Печенковски

Најискусниот ракометар во Металург РА, Горан Печенковски, нема да биде дел од тимот во пролетниот дел од сезоната во Првата лига, во кој тимот од Автокоманда ќе игра во плеј-офот за елитната конкуренција.

Печенковски, кој имаше двојна улога на играч и тренер, си замина од клубот чиј дрес го носеше една и пол сезона.

Дополнително ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата искусниот организатор на играта кој има големо суперлигашко искуство.

Печенковски потекнува од Младост Ресен, ги носеше дресовите на Металург, Пролет, Пелистер, Преспа, Охрид, Бутел и Јуниор КВ, а има искуство и од Лигата на шампионите со тимот од Автокоманда.

Металург РА веќе го обезбеди местото во плеј-офот за Супер лигата. Во претстојното 15 коло од Првата лига, Металург РА ќе има гостување кај Овче Поле во Свети Николе.