Тимот на Металург РА ја забележа петтата победа во Првата лига, откако славеше над Партизан Гевгелија со 44-25.
Домаќините во Автокоманда уште по првото полувреме го решија прашањето околу победникот, кога беше 23-13.
Предводник во нападот на Металург РА беше Филип Петровски со десет гола, а седум постигна Коста Николовски.
Во составот на Партизан Гевгелија се истакна Ѓорѓе Банцалиски со осум погодоци, а Васил Зајков додаде уште седум.
Металург РА сега има 15 бода и се наоѓа на делба на второто место на табелата со Радовиш, а во следното коло ќе биде слободен.