Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, беа извлечени двојките за стартните кола од Лигата на Европа и Европскиот Куп.
Тимот на Металург Автокоманда за ривал во втората рунда од Европскиот Куп го доби турскиот Гореле.
Првиот натпревар ќе се игра во Турција на 5/6 октомври, додека реваншот е во Македонија на 12/13 октомври. Победниците од 32 парови ќе се пласираат во третото коло од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Во женското издание на Европскиот Куп, покрај Металург Автокоманда ќе игра и второпласираниот состав од Женската лига, Чаир.