Металург Автокоманда против хрватскиот Сплит ќе брка евро-осминафинале

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда ќе се соочи со хрватскиот Сплит во битката за пласман во осминафиналето.

Во претходната рунда тимот на Јулијана Дамчевска убедливо го елиминира со две победи составот на Диферданж од Луксембург.

Сплит во второто коло ја елиминираше босанската Крајина, откако победи со гола на првиот меч, а загуби со два во реваншот.

Првиот натпревар ќе се игра на 8/9 ноември во Сплит, додека реваншот ќе биде на програмата на 15/16 ноември во Скопје.