Екипата на Металург Автокоманда дојде до петата победа во плеј-оф фазата од Женската лига, откако триумфираше на гостувањето кај Вардар со 32:30 (13:12).
Избраничките на Платон парираа до 40 минута, а во последните дваесетина минути гостинките одработија според планот и не дозволија „црвено-црните“ да имаат било какви шанси за евентуален кам-бек.
Најефикасна во победничката екипа беше Анастасија Трпеска, која постигна осум погодоци, шест додаде Марија Јанкуловска, додека пет реализации имаше Јана Ѓошевска.
Кај Вардарки повторно прв стрелец беше големата надеж Леона Миленковска со десет погодоци, а седум запиша Сара Богојеска.
Металург Автокоманда во следното коло ќе го пречека Куманово и ќе се обиде да дојде до нова победа. Вардарки за следен ривал го имаат актуелниот шампион Ѓорче Петров.