Металург Автокоманда пак на шопинг кај шампионот – ја донесе голманката Кицеска

Амбициозниот состав на Металург Автокоманда договори ново засилување за наредната сезона, откако голманката Слободанка Кицеска го стави потписот на договор.

Кицеска, покрај во матичната Стружанка, беше дел од Вардар Јуниор и Чаир, пред да се пресели во шампионот Ѓорче Петров, каде што настапуваше до оваа сезона.

Претходно Металург Автокоманда ги договори Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска, кои играа во Ѓорче Петров и Сара Ристовска, која доаѓа од Вардар.

Договорите беа продолжени со голманката Софи Гошевска, десните крила Мина Ѓурческа и Марија Гугуљанова, левите крила Сара Миновска и Јана Ѓошевска, кружните напаѓачи Ивана Димоска и Александра Коловска, како и левиот бек Марија Јанкуловска.

Металург Автокоманда минатата сезона го освои второто место и играше на Ф4 во Купот на Македонија, а претстојната сезона покрај на домашна сцена, ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп.