Металург Автокоманда останува лидер – го доби градскиот двобој со Вардар

Меѓу двете европски пресметки со хрватскиот тим Сплит, ракометарките на Металург Автокоманда одиграа меч од Супер женската лига.

Во градскиот двобој, избраничките на Јулијана Дамчевска, го победија на гостински терен составот на Вардар со 33-28.

Домаќинките одржуваа резултатска рамнотежа во првите петнаесетина минути, но потоа гостинките полека ја преземаа контролата.

До паузата Металург Автокоманда отиде на плус четири, 17-13, а вториот дел беше одработен рутински за конечен триумф.

Најдобри стрелци Цветановска со шест, како и Николовска и Беровиќ со по пет гола, додека кај Вардар девет погодоци постигна Голабоска.

Сега Металург Автокоманда останува на врвот со 15 бодови, пред Чаир со 14, додека Вардар е на четвртото место со осум бода.