Металург Автокоманда на шопинг кај шампионот – ја донесе Ива Божиноска

По Анастасија Николовска, уште една ракометарка од шампионот Ѓорче Петров ќе се пресели во Металург Автокоманда.

Станува збор за левиот бек Ива Божиноска, која по две сезони поминати во Ѓорче Петров, ќе ја смени средината.

Божиноска, која освен на левата, може да игра и на средната бековска позиција, беше дел од македонската репрезентација на ЕП 2022.

Со тимот на Ѓорче Петров, Божиноска освои две двојни круни во првенството и во Купот на Македонија.

Пред да игра за „лавиците“, Божиноска четири сезони играше за Металург, а има настапувано и за Пелистер и Вардар Јуниор.