Металург Автокоманда на пријателски меч беше убедливо поразен од Кина

Репрезентацијата на Кина, која во Македонија се подготвуваше за настап на континенталното првенство во Индија, победнички ги одработи подготовките.

Освен со актуелниот шампион Ѓорче Петров, против кого тестираше двапати, Кина спарингуваше и со Металург Автокоманда.

Азиската селекција беше доминантна против македонскиот тим, триумфираше со 18 гола разлика, 38:20.

Кина уште на полувреме имаше убава предност од 17:9, додека во вториот дел домашниот тим, кој настапи без неколку ракометарки, целосно капитулираше.

Гостинките освен што тренираа и играа пријателски дуели во Скопје, имаа можност да го гледаат Чаир во европските настапи против Колехио Де Гаиа.