Металург Автокоманда ја задржа младинската репрезентативка Гошевска

Тимот на Металург Автокоманда покрај ангажманот на новите ракометарки, активно работи и на задржување на дел од ракометарките од актуелниот играчки кадар.

Младинската репрезентативна голманка Софи Гошевска и наредната сезона ќе го брани голот на Металург Автокоманда.

Таа минатата сезона паралелно бранеше и во младинскиот тим и во првата екипа, освои титула со младинките, а со сениорките стигна до вицешампионското место и беше дел од Ф4 во Купот на Македонија.

Металург Автокоманда досега ги засили своите редови со Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска, Сара Ристовска и Ива Божиноска.