По Марија Јанкуловска и Софи Гошевска, тимот на Металург Автокоманда задржа уште една ракометарка од составот од минатата сезона.
Станува збор за десното крило Марија Гугуљанова, која е меѓу најдобрите стрелци на во тимот на Јулијана Дамчевска.
Вицепрвакот Металург Автокоманда влегува со големи амбиции за наредната сезона и на домашна и меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.
За таа цел ги ангажираше Анастасија Николовска, Ана Марија Коларовска, Сара Ристовска, Петра Јершек и Ива Божиноска.