Тимот на Металург Автокоманда имаше победнички старт на пролетниот дел од Женската лига, откако славеше кај Спартак со 45-22.
Гостинките трите бода ги обезбедија уште по првото полувреме кога водеа со 13 гола разлика, 23-10.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа левите крила Мила Трајковиќ и Сара Миновска со десет, односно девет гола.
Во составот на Спартак се истакна Ангела Гроздановска со десет погодоци, а Мила Мемов имаше четири гола.
Металург Автокоманда сега има 36 бода на втората позиција, додека Спартак останува на деветтата позиција.
Во следното коло, Металург Автокоманда на домашен терен ќе игра со Деспина, додека Спартак ќе го пречека Куманово.