Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда веќе може да ги прави плановите за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп, откако го торпедира Диферданж од Луксембург и славеше со убедливи 40-25.
Победникот беше најавен по првиот дел кога избраничките на Јулијана Дамчевска создадоа добра залиха од шест гола, 17-11, а потоа комплетно го надиграа противникот во вториот дел и постигнаа дури 23 погодоци.
Си го фатија редот домаќинките на стартот, водеа со 4-1, па потоа и 12-6, а кога во стартните минути од второто полувреме разликата се зголеми на десет, беше јасно видлива разликата во класи.
Затоа Дамчевска правилно ја распореди минутажата кај сите ракометарки, кои сега го чекаат вториот натпревар од овој двомеч, кој ќе биде само формалност. Тој е на програмата во текот на утрешниот ден од 15:00 часот во спортската сала во Автокоманда.