Металург Автокоманда го наполни голот на Спартак

Ракометарките на Металург Автокоманда запишаа уште една рутинска победа во Супер женската лига, откако славеа кај Спартак со 45-23.

Беше 1-1 на стартот, а потоа се беше во знакот на избраничките на Јулијана Дамчевска, кои по десетина минути водеа со 10-4.

До паузата гостинките кои играа без Петра Јершек, имаа плус 14, 25-11 и второто полувреме беше како оние што многупати сме ги гледале во женска конкуренција.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ана Марија Коларовска со седум и Ива Божиновска со шест гола, додека Зорица Андовска даде 11 за Спартак.