Амбициозниот тим на Металург Автокоманда промовираше уште едно ново име за претстојната сезона во Женската лига.
Станува збор за левиот бек Сандра Трпеска, која доаѓа од тимот на Ѓорче Петров и ќе биде дел од тимот на Јулијана Дамчевска.
Претходно Металург Автокоманда ја продолжи соработката со средниот бек Исидора Котевска, десното крило Марија Гугуљанова, кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ и левото крило Сара Миновска.
Клубот се засили со Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.
Тимот од Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига го освои третото место и избори излез на европска сцена, каде ќе игра во Европскиот Куп.