Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, беше доминантен на гостувањето во Прилеп кај Деспина, триумфираше со 26:13.
Гостинскиот тим одигра фантастично во одбраната, толку добро што домашниот тим постигна само 13 погодоци во целиот меч.
Избраничките на Јулијана Дамчевска на полувреме имаа предност од 12:6 и второто полувреме беше само формален дел, во кој гостинот од Автокоманда продолжи со својата доминација.
Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Теодора Гулицоска и Марија Гугуљанова.
Во составот на Деспина се истакнаа Сања Цветкоска со пет и Ангела Камческа со четири погодоци.