Металург Автокоманда без мака се справи со Вардар

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда стартуваше победнички во новата сезона од Супер Женската лига.

Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа против Вардар со 33-20 откако и на паузата водеа со 18-11.

Вардарки парираа во првите петнаесетина минути, а потоа домаќинките беа доминантни во сите сегменти од играта.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Јанкуловска со шест, како и Беровиќ и Николовска со по пет гола, додека кај Вардар се истакна Миленкоска со девет.