Тимот на Металопластика Шабац го промовираше наследниот на Владан Матиќ на тренерската позиција.
Некогашниот европски првак во иднина ќе го води Давид Рашиќ, кој беше дел од стручниот штаб на Матиќ во минатите сезони.
Maтиќ по две сезони на клупата на тимот од Шабац, се враќа во Унгарија и ќе го води составот на Чурго, откако претходно беше предводник на ПИК Сегед и Татабања.
Рашиќ, кој во играчката кариера го носеше дресот на Металопластика, ќе има голем предизвик пред себе да ја одбрани вицешампионската позиција наредната сезона во српскиот шампионат, каде се засилуваат и Војводина, Партизан, Динамо Панчево…