Металари и Николовски со втор предизвик на Мундијалот во Египет

Светската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во групната фаза на кадетскиот Мундијал во Египет.

Двојката Исмаил Металари и Ненад Николовски ја добија втората задача од ИХФ и ќе судат натпревар што е важен за пласман во главната рунда.

Станува збор за дуелот меѓу Австрија и Кувајт што е закажан за 11:45 часот во салата „Хасан Мустафа“ во Каиро.

Со триумф Австријците ќе обезбедат место меѓу најдобрите 16 селекции во оваа конкуренција.